Дарко Неданоски – Инструктор на Меѓународната обука за спасување од пештери во Сежана, Словенија


Во периодот од 25 септември до 3 октомври, во Центарот за обука за заштита и спасување на единицата Сежана во Словенија се одржува обука за спасување од пештери, а во рамки на Иницијативата за подготвеност и спречување катастрофи за Југоисточна Европа ( DPPI SEЕ) Словенија.

На обуката учествуваат Министерството за одбрана, администрација за заштита и спасување во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, Служба за спасување од пештери Словенија и Спелеолошка федерација на Македонија.

На обуката учествуваат кандидати од девет земји, и тоа: Романија, Црна Гора, Турција, Албанија, Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Словенија, а инструктор од Македонија е Дарко Неданоски.

Првиот ден ја презентиравме опремата и го проверувавме моменталното знаење на кандидатите, а потоа сите беа поделени во две групи. Првата група ги вклучуваше оние со основно знаење, а втората група со напредно знаење. Обуката продолжи со основни принципи или системи за спасување.

На секој инструктор му се доделуваат по тројца или четворица кандидати, кои заедно одат на работното место, каде што прво изведуваат демонстрација или практична демонстрација на вежбата. Секој кандидат добива околу две до три вежби дневно и неколку варијации од нив. Навечер следуваат анализи и предавања или настава по теоретско знаење.

Во текот на обуката кандидатите се подготвуваат за завршната вежба, каде што ќе бидат поделени во групи, но ќе работат независно под надзор на инструктор. Нивната задача ќе биде да го спасат повреденото лице во каменоломот Липица, како и извлекување на повредено лице од пештера и пропаст“, истакна Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошка федерација на Македонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи