Ампева: Разбирам дека е предизборие, треба да се добијат гласовите на администрацијата, ама не е фер

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Здружението „Гласен Текстилец“ реагира на новиот предлог Закон за административни службеници со кој се менува полното работно време на административните службеници, однсно досегашните 40 часа неделно, се менуваат на 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и четири часа дневно во петок.

Невладината „Гласен Текстилец“ забележува дека ваквиот предлог Закон е дискриминатроски и се коси со уставно загарантираните права и слободи на граѓаните бидејќи граѓаните се еднакви пред Уставот и законите. Согласно Уставот секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.

„Дека станува збор за дискриминаторски предлог Закон зборува и фактот што во членот 6 од Закон за работни односи работодавачот не смее барателот на вработување или работникот, да го става во нееднаква положба заради расно или етничко потекло, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба, односно инвалидност, религиозното, политичко или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното потекло, статус на семејството, имотната состојба, половата насоченост или заради други лични околности.

Не знам до кога државата планира дека ќе може да исплаќа плати, К15 за јавна администрација и пензии, ако цело време оние кои ја движат македонската екномија, работниците од приватниот сектор се секогаш оние кои се помалку платени, злоупотребени и ставени во подредена положба. Разбирам дека е предизборие, дека треба да се добијат гласовите на јавната администрација, ама не е фер, не е одржливо и нема никаква суштина во таквите закони освен евидентна дискриминација кон огромна група граѓани кои се и мнозинство – овие од приватниот сектор„, вели Ампева.

Гласен Текстилец го повикува предлагачот на предлог Законот за административни службеници истиот да биде повлечен, бидејќи со овој предлог Закон работниците се дискриминирани и ставени во нерамноправна положба.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи