Во Обвинителство стигна извештајот од увидот на МВР за пожарот во кој изгореа 14 пациенти

Facebook
Twitter
Email
Print


Денеска до тетовското Основно јавно обвинителство пристигнал полицискиот извештај од извршениот увид во изгорената модуларна болница во која трагично загинаа 14 луѓе.

„Во Основното јавно обвинителство Тетово денеска пристигна извештајот од ОКТИВ при МВР од извршениот увид на местото на пожарот во Модуларната Ковид болница во Тетово, кој беше побаран со наредба од обвинителството. Извештајот ќе биде разгледан и анализиран од страна на обвинителите. Се очекува да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки“, велат за „Фокус“ од Обвинителството.

Според информациите од таму, во моментов се сослушуваат членови на Комисии за имплементација, следење и технички прием на модуларните монтажни контејнери, кои биле со решение формирани од Министерството за труд и социјална политика.​

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи