Петкоски: До каде е постапката околу кривичната за Јованоски за руинираното училиште во Сточен пазар?


Пред повеќе од една година ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, поднесе кривична пријава против градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, во врска со училиштето во населбата Сточен Пазар. Јавноста заслужува одговор на прашањето до каде е оваа постапка? Истакна на денешната прес конферернција портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Влатко Петкоски.

„Дали ОЈО Прилеп презело одредени дејствија во врска со наводите во самата пријава? Колку за потсетување, наместо да биде заштитено изграденото подрачно училиште во населбата Сточен Пазар за кое беше извршено и примопредавање, истото беше мета на кражби и вандализам.

Самиот факт што е направено официјално примопредавање на училиштето од изведувачот на општина Прилеп, кажува дека за грижа на овој објект е одговорна локалната самоуправа, т.е градоначалникот.

Зарем за ваквата состојба во која се наоѓа училиштето денес (се е испокрадено, а се вложени пари на прилепчани) не треба да има одговорност од градоначалникот Илија Јованоски?

ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати во минатото ја информираше јавноста дека ова училиште се уништува и повикуваме на реакција од надлежните.

Во член 50 од Законот за локална самоуправа јасно е наведено дека Градоначалникот „Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината во согласност со закон и статутот.

Во ова училиште кое беше инвестиција од 10 милиони денари народни пари, требаше настава да посетуваат 170 деца до петто одделение. Очекуваме ОЈО Прилеп во периодот кој следи да ги преземе сите дејствија согласно неговите законски надлежности во врска со веќе поднесената пријава. Почитувани, Времето на одговорност доаѓа.

После победата на 17-ти октомври следува целосна ревизија на сработеното и несработеното од локалната власт од СДСМ која ќе стане минато. Времето на хаос и безредие завршува. Доаѓаат подобри денови за Прилеп и прилепчани на чело со идниот градоначалник д-р Борче Јовчески и советот предводен од советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, рече Петкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи