ДИК прими нова пратка терминали за отпечатоци од прсти

Facebook
Twitter
Email
Print


До крајот на неделата треба да пристигнат договорените 4000 терминали за отпечатоци од прсти што првпат ќе се користат на Локалните избори 2021 година на 17 октомври.

Државната изборна комисија денеска прими уште повеќе од илјада од овие терминали, а веќе е започнато и полнењето со податоци од граѓаните на веќе пристигнатите, изјави денеска претседателот на ДИК, Александар Даштевски, кој присуствуваше на примопредавањето.

„Со денешнава пратка очекуваме да пристигнат уште околу илјада уреди за биометриска идентификација на граѓаните и со тоа ќе ги имаме над половина од потребните уреди, а до крајот на неделата ќе пристигнат сите, уште две пратки на секои два дена. Во моментот во ДИК трае полнењето на смарт картичките кое треба да заврши денеска и попладне треба да почне полнењето на апаратите бидејќи имаме доволно време. Полнењето ќе заврши некаде до 11 октомври“, рече Даштевски.

На денот на изборите, ДИК бара да има околу двеста ИТ инжинери кои ќе им помагаат на луѓето што управуваат со опремата и компанијата која ги испорачува апаратите има исто така ангажирано 80 луѓе, кои исто така ќе им помагаат на ИТ тимот во ДИК и на избирачките одбори.

На Локалните избори на 17 октомври ќе се применуваат истите мерки за превенција од Ковид -19 како на претходните избори. Гласањето ќе почне во 7 часот, а ќе заврши во 19:00.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи