Доктор Владимир Ристовски кој работи ковид-центарот во „8ми Септември“ во интервју за ТВ 24 вели дека бројот на пост-ковид компликации е зголемен во однос на летниот период.
„Пост ковид компликациите ќе ги поделам на 2 типа: минорни и мајорни. Минорните секојдневни во нашите амбуланти. Срцебиење, варијации на крвниот притисокот и недостиг на воздух и секој втор пациент што прележал Ковид-19 се жали на тие симптоми. Мајорните се срцевиот инфаркт, чиј број е намален во однос на претходните бранови, но сепак се присутни“, вели Ристовски.
Во однос на зголемената смртност кај младите пациенти, д-р Ристовски вели дека скоро сите млади хоспитализирани пациенти биле невакцинирани.
„Скоро 95 % беа невакцинирани пациенти, а најчесто тие млади пациенти имаа некој коморбидитет или зголемена телесна тежина. Меѓутоа, има и пациенти коишто се со помлада возраст, но без коморбитет и со потешка клиничка слика“, објаснува тој.
112