Фудбалската федерација на Македонија ги објави цените на влезниците за мега-дуелот со лидерот во нашата група, а дозволен е 50 посто од капацитетот на националната арена „Тодор Проески“.
Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, од денеска, понеделник, 4. октомври започнува со продажба на билети за квалификацискиот натпревар на македонската А репрезентација против Германија кој ќе се одигра на 11. октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Влезниците ќе се продаваат по цена од 100. денари за западната трибина, 300 денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 од јужната трибина и блоковите 13, 18, 19 и 24 од северната трибина и 500 денари за централните блокови од јужната и северната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.
Билетите од источната трибина се ставени на располагање за гостинските навивачи.