За 73 % е намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку неговиот Фејсбук профил.
„Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани кои до сега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта.
2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите девет месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата“, напиша Спасовски.
97