Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција сподели дека се препорачува трета доза на вакцина против ковид-19 без оглед на возраста.
„По препорака на комитетот на имунизација, освен граѓаните над 60 години да добијат трета доза вакцина, ќе може да добијат трета доза и било кои други граѓани, а се во ризик во согласност од типот на работа, кај кои е поголем ризикот да заболат. Ова е препорака која ја следат сите други европски држави и САД“, рече Филипче.
118