МОН: Вакцинирани околу 75 % наставници, околу 2 % ученици следат онлајн-настава

Facebook
Twitter
Email
Print


Со одлука на Владата училиштата одржуваат онлајн-настава за оние ученици за кои родителите ќе побараат од медицински и од немедицински причини.

МОН очекува дека со континуираната имунизација ќе се обезбеди дополнителна сигурност и услови за продолжување на наставата со физичко присуство.

Од понеделник треба да почне и најавениот скрининг на околу 8200 ученици во основните и средните училишта со цел да се добие податок дали има трансмисија на вирусот во училиштата. Тестираењето за присуство на КОВИД-19 со земање брис ќе биде по случаен избор на учениците од регистарот на Е-дневник и со согласност на нивните родители.

Министерот за здравство Венко Филипче завчера на прес-конференција рече дека е планирано скринингот да трае пет дена и дневно по околу 1600 деца да бидат тестирани во самите училишта од мобилни екипи.

Околу 75 % наставници во училиштата се вакцинирани, а настава на далечина следат околу два проценти од учениците, соопшти Министерството за образование и наука.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи