Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 8 °C до 19 °C.
УХМР со актуелно предупредување:
Под влијание на влажна воздушна маса од утре следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м2 за 24 часа, а ќе бидат проследени со повремено засилен ветер. Дневните температури насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.