Бектеши: Доколку е потребно ќе се замрзнат цените на основните производи

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека не се точни предвидувањата дека до крајот на годинава цената на храната ќе поскапи за околу 50 %, но истакна дека ја следат ситуацијата и ако дојде до ценовни шокови, тие ќе интервенираат во однос на замрзнување на цените на основните производи согласно потрошувачката кошница. Вакви одлуки веќе беа донесени за време на пандемијата со Ковид-19.

„Будно ја следиме ситуацијата и во зависност од тоа како ќе се движат цените на суровините и репроматеријалите во делот на увозот и производството на производите кај нас ако има ценовни шокови веднаш ќе постапиме повикувајќи се на Законот за трговија и за големопродажба и за малопродажба како што веќе направивме претходната година кога не дозволивме енормно зголемување на цените.

Ќе видиме дали ќе има зголемување на цените на тие производи. Секој ден следиме што се случува и ако има големи ценовни шокови веднаш ќе постапиме како Министерство за економија и ќе донесеме одлуки за замрзнување на цените. Не се зборува за нивно зголемување за 50 отсто и доколку се случи такво нешто секако дека ние директно ќе интервенираме“, порача Бектеши.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи