Раководството на Еурокомпозит бара извинување од Богданоски


Реакција на раководството на 11 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп од Прилеп на вчерашната изјава на Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.

„Ви се обраќаме како раководство на фирмата 11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп од Прилеп. Имено од вчерашната изјава во медиумите на Претседателот на Синдикалната Организација на фирмата 11 Октомври Еурокопмпозит АД Прилеп од Прилеп Роберт Богданоски на ден 07.10.2021 год. која ја цитираме : „Ние се сомневаме дека раководството ги прави овие кражби. Затоа што обични граѓани  незнаат ниту каде се тие магацини, ниту пак како да се влезе до таму“.

Оваа изјава ние како Раководство целосно ја Демантираме и бараме Претседателот на Синдикалната Организација на фирмата 11 Октомври Еурокопмпозит  АД Прилеп од Прилеп Роберт Богданоски јавно да се извини пред сите медиуми кои биле присутни. За нас оваа изјава претставува клевета и навреда на нашиот углед  и  доколку не го стори тоа ќе мора истата изјавата да ја докажува пред суд“, се вели во реакцијата на раководството на 11 Октомври Еурокомпозит  АД Прилеп од Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи