На 07.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Притоа, биле преземени 11 мерки, од кои 7 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 4 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 3 други видови прекршоци.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.