ВИДЕО – Николоски: Имплементација на проектот Енергетски ефикасен Прилеп, по теркот на европските градови


Програмата со која излегуваме пред вас, е победничка програма која опфаќа проекти во различни области што ќе значат трансформација на Прилеп во модерен град. Во нашата програма посветуваме сериозно внимание на енергетската ефикасност, по примерот на многу развиени општини, следејќи ги најмодерните трендови. Истакна на денешната прес конференција кандидатот за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, Игор Николоски.

„За таа цел, предвидуваме проект кој гласи Енергетски ефикасен Прилеп. Ќе воспоставиме механизам за користење на обновливите извори на енергија. На сите објекти кои се во надлежност на Локалната самоуправа ќе бидат поставени фотоволтаични панели за производство на електрична енергија (производство на сопствена електрична енергија) и замена на начинот на затоплување на истите објекти.

Предвидуваме изработка на проект и постепено заменување на уличното осветлување со светилки на погон на обновливи извори на енергија.

Сите училишта во градот ќе добијат енергетско ефикасни фасади и фотоволтаични панели. Истото ќе го направиме и за градинките во градот.

Почитувани, ова се реални и издржани проекти кои значително ќе го подобрат квалитетот за живот во нашиот Прилеп. Затоа, на 17-ти, прилепчани ќе гласаат за број 7, број 7 за д-р Борче Јовчески, број 7 за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, број 7 за подобар Прилеп!“, додаде Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи