Денеска по повод 11ти Октомври Црвенот крст на Република Македонија општинска организација Прилеп во соработка со Институтот за трансфузиона медицина реализираше традиционална крводарителска акција.
Акцијата беше спроведена во ликовната галерија при Домот на култура „Марко Цепенков“ во периодот од 9:00 до 14:00 на која хуманоста ја покажаа голем број на граѓани. Акцијата беше реализирана според протоколите согласно препораките од Владата.
„Да потсетиме дека дарувањето крв во време на пандемија е потполно безбедно. Сите оние кои сакаат да спасат нечиј живот својата хуманост и солидарност можат да ја изразат преку дарување на крв. Да даруваме крв денес затоа што утре можеби и нам ќе ни треба“, порачува Далибор Димоски, лидер на млади при Црвен крст на Република Македонија општинска организација Прилеп.