ВИДЕО – 11 Октомври е симбол на македонскиот непокор – одбележани 80 години од подигнувањето на востанието против фашистите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Со полагање на свежо цвеќе на на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, Алејата на Великаните, споменикот Жена Борец и Криптата на Могилата каде почиваат останките на над 460 борци од НОБ денеска во Прилеп се одбележа 80 години од подигнувањето на востанието против фашистичкиот окупатор. Со востанието започнува и борбата за слобода на македонскиот народ, која пак е продолжување на вековниот сон и стремеж за создавање на сопствена македонска држава.

Претседателот на Сојузот на борци од Прилеп, Круме Соколоски, истакна дека 11 Октомври е симбол на македонскиот вековен непокор и прво ослободително востание, кое на крајот резултирало со создавање на самостојна македонска држава. Според него партизаните од самиот старт на војната без никаово сомнеж се приклучиле рамо до рамо заедно со антифашистичката коалиција. Поради херојското дело и големата жртва која ја дал Прилеп во 1961 година, се гради Паркот на Револуцијата, а во 1975 година маршалот и тогашен претседател ја Југослави на Прилеп му го дава Орденот Град Херој.

„ На прилепските партизани и други активни дејци во народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија, 1941-1945 година, им припадна честа да бидат предводници на истата и ја оправдаа довербата. По нив тргнаа и останатите борци кои создадоа жешка територија за окупаторот, а со нивните акции дадоа свој придонес за целокупниот расплет на Втората светска војна.

Пред присутните се обрати и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој рече дека од Прилеп во НОБ  учествувале 8.000 граѓани,  од нив 2.700 биле директно со пушка во рака. Од 66 народни херои во Македонија 15 се од Прилеп. 10 загинале за време на НОБ, 5 после осбодувањето. За време на НОБ загинале 650 прилепчани.

Јованоски рече дека денес гордо стоиме пред останките на партизаните кои со својата крв и со својот живот ја испишале денешната слобода. Порача да ја чуваме слободата и да градиме демократско општетство за сите.

„Ние сме им должници на сите, на војводите, на партизаните, на резервистите од Карпалаг во 2001 година. На сите кои со својата крв ја испишаа слободата бранејќи го интегритетот и суверенитетот на својата татковина која ние посветено ја градиме и понатаму.

Во Прилеп денеска беше присутен и претседателот на државата Стево Пендаровски кој рече дека НОБ има свој континуитет од Илинденскиое период, а доказ ззжа тоа било што сите партизански одреди имале имињаа на најголемите великани од Илинден.

Под идеологијата на Кузман Јосифоски Питу се создавал широк наднанационален сенароден фронт за борба против фашизмот. Според Пендаровски доколку македонскиот народ не се приклучел тогаш кон антифашистичката коалиција денеска можеби не би имале своја држава.

Педаровски нагласи дека на 2 август 1944 година се удрени темелите на Македонија на заседанието на АСНОМ, а потоа Македонија вчегува во Југословенската федерација.

Според него темел на Македонија се Илинденците и антофашистите, неспоред доказ кој не можел да подлежи на никакви историски ревизионизми.

„ За надидеолошиот карактер на борбата зборува и фактот дека партизаните на слободните територии не инсталираа комунистички режим, туку создаваа нови органи на народната власт како никулци на идната слободна македонска држава. Тие органи ги избраа и делегатите за АСНОМ и АВНОЈ, тие органи го избраа и Методија Андонов – Ченто, кој иако не беше член на Комунистичката партија стана прв претседател на президиумот на АСНОМ. Притоа, подеднакво важно е што народноослободителната борба беше и антифашистичка. Со атланската повелба од 14 август 41-ва, САД и Велика Британија се обврзаа дека народите кои ќе се вклучат во антифашистичката борба по војната ќе можат да го искористат своето право на самоопределување. Македонскиот народ не го чекаше исходот од војната за да се определи и ниту за момент не калкулираше помеѓу двете страни на светскиот конфликт, туку од самиот почеток се приклучи кон антихитлеровската коалиција. Иако денес е тешко да се даде одговор на големите историски дилеми кои биле актуелни пред многу години, можеме да бидеме сигурни дека ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава. Сите документи и манифести од НОБ, широката меѓународна поддршка и признание за нашата борба недвосмислено потврдуваат дека само како дел од антифашистичката коалиција можевме да дојдеме до своја и слободна држава.

Почит пред споменците посветени на НОБ денеска оддадоа голем број државни и партиски делегации, како и здруженија на граѓани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи