Како за сите општини, така и за Прилеп го носиме најдоброто. Јас знам дека имаме дилема, избори се пред нас, остана уште малку и неизвесноста е голема, но Прилеп прв почувствува кога требаше и Прилеп прв дејствуваше кога требаше пред 80 години. Овие 80 години Прилеп беше и остана нашата авангарда. Истакна на денешниот митинг лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Прилеп.
„Затоа слушајте ми го зборот, на крајот сепак победува најдоброто, а најдоброто овде кое сонце го огреа е Горан Сугарески за кандидат за градоначалник, доктор Моника Грашеска-Илиеска како носителка на советничката листа, со овие вкупно 27 прекрасни луѓе на листата на советници на СДСМ и коалицијата. Сепак на крајот победува најдоброто, запаметете и никогаш немој да заборавите.
Мојот другар Горан Сугарески како министер за транспорт и врски покажа како се работи чесно, одговорно и посветено, како се сака татковината. Со многу труд успеа да ги надмине последиците од криминалните договори на ВМРО ДПМНЕ за автопатите, успа да ги откочи проектите, да ги санира штетите и да ја забрза реализацијата. Целата држава ја претвори во огромно градилиште, се реконструираа и пробиваа бројни магистрални, експресни, регионални, автопатишта, сите по целата наша земја. Истото тоа мои драги прилепчани ќе го преслика и овде во Прилеп, да немате дилема дека се што е во неговата програма ќе биде реализирано, а за тоа секако поддршка ќе има и од централната власт и впрочем еве цела Влада денес овде во Прилеп.
Драги мои прилепчани, ви го давам зборот дека централната власт ќе го поддржи Прилеп како никогаш досега“, потенцираше Заев.