ВИДЕО – Сугарески: Се враќам во Прилеп за да останам тука, Прилеп не е моја попатна станица, туку моја крајна дестинација


Она што сега и овде сакам да ви го кажам не е програмата со која јас и кандидатите од советничката листа излегуваме пред граѓаните. За проектите кои ќе ги реализираме во наредните 4 години разговараме и ги презентираме во изминатите денови и тоа ќе продолжиме да го правиме до последниот ден од предизборната кампања. Истакна денеска на митингот на СДСМ во Прилеп, кандидатот за градоначалник од оваа партија, Горан Сугарески.

„Денеска сакам да ви кажам нешто друго, секој од вас овде присутните лично го познавам, од партијата, од чаршијата, од секојдневниот живот. Заедно сме делеле убави, но и не толку добри моменти, заедно сме се радувале и тагувале, сме се тешеле и храбреле, ама она што е најважно е дека сме останале заедно и во добро и во лошо. Така било досега, така ќе биде и секогаш оти стари рекле човек со човек бидува. Драги прилепчани, јас сум роден прилепчанец, овде растев, овде основав семејство, животот ме носеше на разни страни. Во мојата политичка кариера како дел од законодавната и извршната власт повеќе години поминав во Скопје. Но иако зад мене стои големо политичко искуство признавам дека кандидатурата за градоначалник на мојот роден град е најголемиот предизвик со кој некогаш сум се соочил и никогаш досега, ама баш никогаш не сум избегал од ниту еден предизвик“, истакна Сугарески.

Тој рече дека ништо поразлично не било ниту сега, туку напротив неговата одлучност заедно да ја оствариме големата победа е посилна од било кога, нагласи Сугарески.

„Свесен сум дека превземам огромна одговорност и дека влегувам во најважната политичка битка во мојот живот. Дојде времето кога целото мое политичко, професионално и животно искуство, стекнато знаење сакам да го вложам и да го посветам исклучиво на мојот роден град, на Прилеп и на прилепчани. Без двоумење, без никаква дилема го оставив зад себе сето она што го носи животот во престолнината.

Во оваа прилика сакам да му се заблагодарам на мојот другар, претседателот на мојата партија и премиер Зоран Заев, но и на сите останати сопартијци за честа која што ми ја укажаа во сите овие изминати години, за дадената доверба да извршувам високи и одговорни државни и партиски фунцкии.

Почитувани, држава се гради со љубов, со искрено чувство за патриотизам, со почитување на сопствениот народ и припадниците на другите етнички заедници кои живеат во неа. Држава се гради, не се разградува. Драги мои сограѓани, Прилеп се сака со дела, не со зборови. Борбата за Прилеп секогаш била и ќе биде поголема од партиската, етничката, верската или било која друга припадност. Впрочем, мојата животна филозофија е да обединувам, не да делам, да бидам градоначалник на сите граѓани. Затоа сакам да знаете, се враќам во Прилеп тука за да останам во Прилеп, оти Прилеп не е моја попатна станица, Прилеп е моја крајна дестинација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи