ВИДЕО – Јовчески: Сите заедно да кажеме ,,НЕ“ на: митото, корупцијата, селективната правда, неморалот, уништувањето на образованието и традицијата


За жал, после изминатите четири години и владеењето на СДСМ, на Прилеп му требаат коренити промени и реформи и тоа во сите сегменти, тоа е факт! Она што можам да ви го ветам, е дека јас не ветувам тоа што не можам да го исполнам! Истакна на денешниот митинг во Прилеп, кандидатот за градоначалник за Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Борче Јовчески.

Тоа треба да допре до секој граѓанин! Јас и мојата партија ВМРО ДПМНЕ, заедно со нашите коалициони партнери, го ветуваме само она за кое сме сигурни дека ќе го исполниме. Бидете убедени во тоа! 

Морам да истакнам дека терминот РЕКЕТ во мојот речник постои само како реквизит за тенис и никако поинаку!!!

Јас не планирам да ве убедувам со слаткоречиви зборови, јас планирам да работам! А резултатите? Резултатите од таа работа со Ваша помош ќе бидат видливи уште во почетокот на мојот мандат.  Затоа почитувани сограѓани, ајде сите заедно да им кажеме ,,едногласно НЕ,, на: митото, корупцијата, на селективната правда, на неморалот, на уништувањето на образованието, уметноста, културата и традицијата. Ајде сите заедно да му го вратиме достоинството на нашиот град!“, рече Јовчески.

Јовчески ги повика граѓаните заедно да му ја вратат надежта на Прилеп.

Да не дозволиме идните генерации да не проколнуваат за уништување на Прилеп и Македонија. Прилеп да го направиме град во кој што ќе посакаат да се вратат нашите деца! Прилеп ни е се што имаме!  Ајде сите заедно да го дотераме Прилеп и промениме така како што заслужува! Да им оставиме на нашите деца еден убав и модерен град, едно пристојно и посакувано место за живеење!

Сите заедно да му ја вратиме надежта на Прилеп. Само со Вас и со Вашата силна поддршка, можеме да му ја вратиме изгубената гордост и достоинство на Прилеп. Прилеп тоа го очекува од нас. Прилеп тоа го заслужува. Со огромна почит спрема сите Вас, ја барам Вашата поддршка на 17 ти Октомври, за Прилеп и за сите нас“’, кажа Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи