Заев: Имаме патриотска должност секогаш да бидеме обединети во негувањето на нашето праведно општество

Facebook
Twitter
Email
Print


Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато. Денеска се сеќаваме и им се поклонуваме на сите оние кои никогаш не се запрашаа за цената на слободата, правдата и социјалната еднаквост. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание, истакна премиерот Зоран Заев, во честитката по повод државниот празник.

„Нашите борци од народно-ослободителната војна и сите претходни генерации, што ги вградија своите дела и животи во слободата, ни ја дадоа државата како дом за сите, како дом на слободата.

Поради храбрите борци на НОБ, сега стоиме тука горди, со кренати глави чувајќи го аманетот на нашите државотворци. Аманет поради кој денес, сите ние – Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите други, имаме патриотска должност секогаш да бидеме обединети во негувањето на нашето праведно општество.

Општество на еднакви можности, општество на правда, одговорност и еднаквост – Едно општество за сите!

Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата, е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато.

Да ни биде вековита Република Македонија!

Да живее слободата“, напиша Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи