Од оваа недела се очекува да започне тестирање на 8200 ученици од основните и средните училишта. Тестирањето ќе се одвива по случаен избор од регистарот на Е-дневникот и е во согласност на нивните родители.
Скринингот е предвиден да трае пет дена, а дневно да бидат тестирани по околу 1600 деца, во самите училишта од мобилни екипи. Тестирањето во средните и основни училишта, како што појаснуваат надлежните се одвива се со цел да се добие податок за евентуална трансмисија на вирусот во училиштата.
Досега во училиштата се вакцинирани околу 75 % од наставниците, додека настава на далечина следат околу 2 % од учениците, според податоците на Министерството за образование и наука.