Последна недела од изборната кампања, Македонија во недела гласа

Facebook
Twitter
Email
Print


Во последната седмица пред изборите и помалку од пет дена до изборниот молк, лидерите на партиите и кандидатите за градоначалниците продолжуваат да ветуваат европска иднина, промени, зелена агенда, но и инфраструктурни подобрувања во сите општини во државава.

Промоцијата на „Создади нова иднина!“ на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе се одржи во Кичево, Долнени, Кривогаштани, Крушево и во Прилеп.

Караванот на СДСМ денеска ќе биде во Прилеп, Могила, Сарај и Ѓорче Петров, а вечерва ќе се одржи граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на Општина Карпош во големата сала во сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Зелената агенда на ДУИ ќе ја бара поддршката од чаирчани, Беса ќе има предизборни активности во Теарце.

На полноќ заврши рокот за пријавување за гласање на лицата со Ковид -19 или во самоизолација, откако тој рок ден претходно заврши за болните и немоќните. Овие лица, како и затворениците, лицата во притвор, во стaрските домови и внатрешно-раселените лица ќе гласаат ден пред изборите односно во сабота на 16 октомври. За утврдување на идентитетот и проверката дали веќе гласале, за нив нема да се користат уредите за биометриска идентификација, туку спреј и УВ ламба.

Локалните избори на 17 октомври ќе бидат седми од независноста досега, но трети на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Официјално кампањата за првиот круг од локалните избори почна на 27 септември, а завршува на 15 октомври на полноќ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи