Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои околу пладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток. Во јужните делови, каде се очекуваат и сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 10 °C до 15 °C.
УХМР со актуелно предупредување:
Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе врне снег.