ВИДЕО – Петкоски: Ви презентираме како за 4 години СДСМ во Прилеп потрошила баснословни суми од кои граѓаните немаат бенефит

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денес ќе ви презентираме како со леснотија СДСМ во нивниот 4 годишен мандат кој за среќа во недела завршува, потрошиле милионски суми народни пари од кои граѓаните не виделе никаков бенефит. Mилионски суми фрлени во бунар кои би требало да побудат голем интерес кај истражните органи кои подетално би се позанимавале со бројките во прилог:

„За РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА градоначалникот потрошил 14.800.000 денари од кои само за 2019 и 2020 во ек на пандемија потрошил 5.100.000 денари или околу 80.000 евра народни пари. Очигледно, а и добро познато во Прилеп е дека и досегашниот, а и овој од СДСМ кој сега претендира за градоначалник се големи гурмани и добро се гоштевале на сметка на народот во време кога голем број Прилепчани останаа без работа и ги затворија сопствените бизниси.

За ПОПРАВКА НА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА, потрошиле 6.000.000 денари или 98.000 евра во период од 4 години а само за 2020 година Јованоски потрошил 40.000 евра. За тоа како и за какви поправки се потрошиле баснословни 40.000 евра среде covid пандемија и намален обем на работа на општински служби, веруваме дека освен народот ќе бидат многу заинтересирани и надлежните истражни органи.

За ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА во општина Прилеп потрошени се фрапантни 800.000 ЕВРА, за вдомување на нестручни партиски војници и послушници кои со ништо не придонесоа кон работата на локалната самоуправа чиј учинок во изминатите 4 години е катастрофален. Дали сега истите со своите привремени работни места се уценувани да го поддржат Сугарески?

За ГОРИВО ЗА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА потрошени се вкупно 100.000 евра од кои само во време на covid пандемијата кога и локалната самоуправа работеше со прекини само, за набавка на гориво за службени возила се потрошиле преку 40.000 евра.

Функционерите на СДСМ во Локалната самоуправа,си делеле секоја година најскапи модели на мобилни телефони, а Ајфон најнови модели добивале и дел од привремено вработените во општината, а само за промена на екран на службен мобилен телефон плаќале и по 18.000 денари.

Но…

За разлика од астрономските суми за гоштевање, СДСМ биле прилично скромни за поддршка на урбанизмот па за изработка на урбанистички планови од општинската каса издвоил само 12.000.000 денари или 20.000 евра. Очигледно урбанистичкиот развој на општината и поддршката на локалниот бизнис сектор не му биле во фокусот на работа како што не му се и на кандидатот за градоначалник Горан Сугарески кој не е со ништо поразличен.

Време е за отчет!

Локалните функционери на СДСМ треба да положат сметка како трошеле ваши пари. Пари заработени со пот и мака!“, рече Петкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи