Десет години затвор и 50.000 евра казна за Македонец кој транспортирал марихуана преку Бугарија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Судот во Ќустендил осуди македонски државјанин на десет години затвор и казна од 100.000 лева (50.000 евра) за транспорт на голема количина марихуана преку границата со Бугарија, објави бугарското радио Дарик. Како што јави дописникот на МИА од Софија, тричлениот судски совет го осуди лицето со почетен „строг” режим на издржување десетгодишна затворска и парична казна.

Согласно Законот за контрола на наркотични супстанции и прекурзори, Судот во Ќустендил го прогласи за виновен бидејќи на 28 март 2021 година во областа на граничниот премин „Ѓушево” во автомобилот пренесувал марихуана спакувана во 17 пакувања, со тежина од 4260 килограми, во вкупна вредност од 17.040 лева.

Од 30 март до стапување во сила на казната, судот го одзеде времето во кое на обвинетиот му беше одредена мерка притвор и во корист на државата, го конфискува автомобилот што се користел за транспорт на наркотична супстанција со висок ризик.

Обвинетиот се изјасни за невин, а неговиот адвокат се изјасни за ослободителна пресуда. Заменик-окружниот обвинител на Ќустендил, Ивајло Илиев побара пресуда и казна близу просечната сума за ова дело – „затвор” во траење од 12 ипол години и парична казна од 150.000 лева (75.000 евра). Казната може да се намали во рок од 15 дена.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи