Минaтата недела 34 лица повторно се заразиле со ковид-19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Најновиот извештај на институтот за јавно здравје вели дека се регистрирани 2.354 нови случаи во 33 градови. Процентот на позитивност се движи од 7 до 13, со просек 10,2%.

Најмногу заболени има кај лицата над 60 години, а најмалку кај децата до 9 годишна возраст.

Сепак, извештајот вели дека кај сите возрасни групи има намалување на бројот на заболени. За 11,8% помалку нови случаи на ковид се регистрирани во Македонија во периодот од 4-ти до 10-ти октомври. Пријавени се 93 смртни случаи во текот на минатата недела, од кои 40 се од главниот град.

Во текот на минатата недела се регистрирани 34 реинфекции, што е намалување за речиси 15 %. Заклучно со 10 октомври повторно се заразиле вкупно 625 луѓе.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи