Пари анализа: Топ 5 кинески компании во Македонија, лани „собрале“ 50 милиони евра приход

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Кинеската компанија која е главен изведувач на автопатот Кичево – Охрид,  СИНОХИДРО КОРПОРЕЈШН ЛИМИТЕД Пекинг – подружница Скопје, лани отишла во загуба од 19 милиони евра, откако во 2019 година била во добивка од 24 милиони евра.

Ова е најнеочекуваната информација која произлегува од анализата на најголемите кинески компании воМакедонија што ја направи порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк.

„Пари“ ги анализираше најголемите 5 кинески компании според реализираниот приход. Резултатот од тоа е – тие лани во државава „собрале“ 50 милиони евра, но на две од петте компании приходот не им донел добивка, туку трошоците ги турнале во загуба, две имале зголемена добивка и една преполовена во однос на 2019 година.

„Синохидро корпорејшн“ е најголема по приход, а податоците за изминатите години покажувале солидни заработки, на пример во 2016 година добивката била дури 30 милиони евра! Ова е првпат компанијата што е регистрирана во Македонија да влезе во загуба. Ланскиот приход на Синохидро корпорејшн – подружница Скопје бил 48,5 милиони евра и тој е за 34 проценти помал од оној во 2019 година, кога изнесувал 70 милиони евра.

Од каде загубата на компанијата? Според неофицијални информации, тоа се должи на поинтензивни градежни работи за разлика од претходните години кога динамиката на градењето била побавна од динамиката на префрлањето на пари.

Инаку, камен-темелникот на автопатот Кичево – Охрид се удри на 22 февруари 2014 година. За изградба на автопатот, Македонија подигна кредит од кинеската  Ексим банка. „Синохидро“ требаше да го изгради автопатот за 4 години. Во меѓувреме се открија многу недостатоци на проектот. Сите анекси на договорот значјано ја зголемија неговата цена – од 374 милиони евра на 600 милиони евра!

Втората по големина на приход е компанијата ЗТЕ Македонија ДООЕЛ- Скопје, застапник на истоимените мобилни телефони и друга телекомуникациска опрема од овој бренд од Кина. Компанијата остварила приход во 2020 година од 3 милиони евра и тој бил за 14,7 проценти помал отколку во 2019 година, но реализираната добивка од 440.000 евра била дури за 40 проценти поголема отколку во 2019 година.

Меѓу комапниите каде што барем еден од сопствениците е од Кина, и каде што најмалку 1 процент од капиталот е кинески, влегува и компанијата Топстинг ДООЕЛ Скопје. „Топстинг“ се занимава со челични лимови за покриви и во Македонија работи со шифра на дејност „општи машински работи“. Компанијата лани остварила приход од 1,3 милиони евра и тој бил речиси 4 пати поголем отколку во 2019 година, а 4 пати била поголема и добивката, со што остварениот профит во 2020 година бил 50.000 евра.

„Еуро вестек компани“ се занимава со трговија на големо со дрва, градежен материјал и санитарна опрема. Ланските вкупни приходи на компанијата биле 385.000 евра, а тоа било за дури 73 проценти помалку од направениот промет во 2019 година. За среќа на компанијата, падот на добивката бил помал и изнесувал 57,6 проценти, со што лани оваа фирма годината ја завршила со позитивен финансиски резултат од 28.800 евра.

Компанијата за трговија со чевли „Гари компани“ и во 2020 и во 2019 година имала загуби. Во 2020 година таа направила промет од над 290.000 евра.

ТОП 5 КОМПАНИИ СО КИНЕСКИ КАПИТАЛ ПО РЕАЛИЗИРАН ПРИХОД


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи