Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 8 °C до 13 °C.
УХМР со актуелно предупредување:
Денес и понатаму ќе има врнежи од дожд, кои попладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток (локално ќе наврнат над 20 л/м2 дожд за 24 часа). На места ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе врне снег.
99