Во Македонија се издаваат 740 милиони фискални сметки годишно

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во македонската економија навршија 20 години од стартот на фискализацијата. И по сериозните контролни механизми за следење на трагот на прометот на трговците, добар дел од несовесните стопанственици се уште бараат начини како да го изиграат законот и да не регистрираат дел од прометот. Инспекциските контроли се зачестени, казните големи, но совеста е засега на ниско ниво. Мерката МојДДВ го зголеми процентот на издадени фискални сметки последниве две години.

Порталот Денар објавува дека според податоците кои ги добиле од Управата за јавни приходи, во просек на годишно ниво се издаваат по 740 милиони фискални сметки во Македонија.

Процесот на фискализација добива на тежина од како трговците добија обврска за надградба на фискалните каси со GPRS. На тој начин државата доби подобра контрола во следењето на прометот бидејќи станува збор за интегрираниот автоматски систем за управување е – систем за постојана електронска комуникација на трговскиот објект со Управата за јавни приходи. УЈП има можност за секојдневно автоматско пренесување на податоци во вид на дневен финансиски извештај. Од Управата за јавни приходи велат дека GPRS системот овозможува двонасочна комуникација со фискалниот апарат, двонасочна комуникација со крипто модулот и двонасочна комуникација со серверот на Управата за јавни приходи, со што се овозможува пренос на податоци помеѓу серверот на Управата за јавни приходи и фискалниот систем на опрема.

„Он-лајн следење на готовинскиот промет од секој фискален апарат, намалување на административните трошоци на даночните обврзници, овластените производители и УЈП, поедноставена и пократка постапка за фискализација, системот автоматски ги детектира ризичните даночни обврзници, намалување на даночните контроли на терен, поефикасна контрола на даночните обврзници кои го избегнуваат евидентирањето на прометот, системот е активен 24/7, еднаков пристап до сите даночни обврзници, испраќање на пораки на фискалниот уред од системот на УЈП која се печати на деталниот извештај, зголемување на финансиската дисциплина и намалување на сивата економија“, велат за Денар од Управата за јавни приходи.

Но и покрај построгите контроли, добар дел од трговците и натаму се обидуваат да ги изиграат правилата. Информациите кои ги добивме велат дека најчести прекршоци согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања се неиздавање на фискални сметки односно издавање на нефискални, поточно компјутерски сметки. Исто така несовесните трговци се служат и со други методи на прекршување на законот со прикажување на несоодветна ДДВ стапка во фискалните сметки, непоседување фискален систем на опрема и неуредно водење на книгата за дневен финансиски извештај. За непочитување на законот предвидени се глоби.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи