Заев: Со успешно завршениот попис одржавме европска лекција за одговорниот пристап на граѓаните кон оваа статистичка операција

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премиерот Зоран Заев, во интервју за ТВ Алсат-М истакна дека успешно завршениот попис е европска лекција за одговорниот пристап на граѓаните кон оваа статистичка операција и дека прифаќањето на резултатите веќе е потврдено со искажувањето волја на огромното мнозинство граѓани да се попишат.

„Сите граѓани се попишаа. Демократија е, граѓаните го дадоа конечниот збор. Во Бугарија пописот заврши со 82 проценти попишани граѓани, а кај нас се попишаа 99%. Бугарија е европска земја, ние сме земја-кандидат за членство во Европската Унија. Држиме лекција од секој можен аспект, затоа што добро ги поставивме основите“, вели премиерот Заев.

Тој оцени дека по 30 години, кога цело време се создаваа политички тензии, новата Влада која тој ја предводи покажа дека води исправни политики, кои носат резултати, а граѓаните умеат да ги препознаат и да ги отфрлат политиките кои се водеа претходните години само заради власт, заради пари и владеење.

„Суштината е во начинот на градењето на политиките. Еве денеска, имаме успешен попис, завршивме голема работа. Ќе можеме соодветно да планираме во државата. До сега во магла се планираше. Ќе знаеме колку деца живеат во еден регион и ќе инвестираме во градинка, нема да имаме тениски игралишта којшто никој не ги користи“, оцени премиерот Заев во интервјуто за ТВ Алсат-М.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи