Наградени најдобрите студенти на УКИМ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 12 октомври 2021 година (вторник), пред платото на Ректоратот на УКИМ беа доделени пофалниците и пригодните награди на најдобро дипломираните студенти за учебните 2018/2019 и 2019/2020 година. Наградата за најдобро дипломираните студенти, златник со ликот на светите Кирил и Методиј, за учебната 2018/2019 година ја примија 23 студенти, додека, за учебната 2019/2020 година, беа наградени вкупно 26 студенти.

Покрај ова, десетмина студенти од завршниот семестар во прв циклус студии ја добија наградата „26 јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија за нивниот успех во студирањето. Ова признание го добија студенти од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за драмски уметности за учебната 2019/2020 година.

Наградите на студентите им ги врачи ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи