Народна банка: Инфлациските движења се умерено повисоки од проекцијата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Основната каматна стапка останува 1,25 проценти, а износот на благајнички записи што ќе се понуди ќе остане 10 милијарди денари, одлучи Народната банка на редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи се двата основни инструменти на монетарната политика за одржување на ценовната стабилност.

„На седницата беше оценето дека во отсуство на притисоци од страната на побарувачката, умерените нагорни придвижувања на инфлацијата засега произлегуваат од фактори на страната на понудата. Оттука, засега не се оценува потреба од монетарна реакција на овие ценовни движења, но ќе продолжиме внимателно да ги следиме“, велат од Народната банка.

Народната банка вели дека инфлацијата ќе биде умерено повисока од предвидените 2,2 %.

„Притоа, нагласена е неизвесноста и променливоста во движењето на светските цени на примарните производи, а пред сѐ на енерегенсите, во следниот период“, велат од Народната банка.

Во однос на инфлациските движења, во периодот јануари ‒ септември, во просек годишниот раст на цените изнесува 2,8 %.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи