Филипче за скринингот на ученици: Не е ништо страшно, обичен брис се зема за да видеме дали има асимптоматски носители на вирусот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција апелираше до родителите да одговорат позитивно на писменото барање од МОН нивните деца да учествуваат во скринигот на учениците низ училиштата во земјава.

„Од утре ќе биде испратено писмено барање до родителите, а од другата недела ќе почнеме со скринингот. Не е ништо страшно, обичен брис се зема, за да видиме дали ќе откриеме асимптоматски носители на вирусот. Во моментов нема заболени и хоспитализирани деца, освен 10 до 15 деца згрижени само во болницата Козле. Засега немаме податоци за трансмисија во училиштата“, рече министерот Филипче на денешната прес конференција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи