На 15 октомври 2021, петок од 19.30 ч. во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од уметниците – членови на ДЛУП. Ќе бидат изложени 30 дела од над 20 уметници членови на ДЛУП. Изложбата е поддржана од Министерството за култура.
„Одржувајќи го континуитетот на неуморна ликовна креација, членовите ќе го промовираат најновото сопствено творештво. Се претставуваат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата страст. Културата е нешто што треба да има континуитет и одржување за да може да се пренесе на идните генерации. Па затоа преку уметноста се надевам дека ќе оставиме белег кој ќе биде од општествено и културно значење“, вели уметникот Методи Исков, претседател на ДЛУП.
125