МВР излезе со свое соопштение во врска со активистот на Левица од Прилеп кој е повикан во полиција поради ситуацијата во која вербално му се обрати на премиерот Зоран Заев на 11 Октомври на Могилата на непобедените.
Во Полициска станица – Прилеп денеска е повикан И.Ј. (32) од Прилеп, врз основа на член 13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир. Тој е повикан поради омаловажување државен орган, односно омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата“, соопшти МВР.