СПМ до граѓаните и припадниците на МВР: Пријавете ги сите притисоци и принуди кои се вршат за која политичка партија да се гласа

Facebook
Twitter
Email
Print


Во пресрет на локалните избори 2021 пред нас е голем предизвик како припадници на безбедносните служби, директно вклучени во процесот за одржување на истите пред се овозможување на фер и демократски избори на целата територија на Република Македонија, стои во соопштението на Синдикатот на Полиција во Македонија.

Синдикатот на Полиција во Македонија упатува АПЕЛ до вработените во Министерството за внатрешни работи, воопшто да не потклекнуваат на притисоците кои преку непрофесионален начин и незаконито влијание се спроведуваат последниот период од страна на раководители, началници и командири, кои во пресрет на изборите вршат притисоци и закани кон вработените а со цел да влијаат на лични одлуки и службени постапки преку повикување и алудирање да се гласа за одредена политичка партија.

„Како Синдикат НАЈОСТРО се спротиставуваме на непрофесионализмот и ставањето на раководителите во функција и потреба на политичките партии и оттука недозволиво е и неприфатливо да се повикуваат вработените во МВР од страна на раководители да гласаат за одредена политичка партија како во случајот со раководител/и на една организациона единица во Сектор/и за внатрешни работи кој наместо да ги спроведуваат законските прописи и воедно брани и ги заштитува работните права на вработените, заради лични и партиски интереси, истите ЈАВНО ги повикуваат вработените преку социјална мрежа и наведуваат за која политичка партија да се гласа. Од тука Бараме од највисокото раководство во МВР и од ОВККИПС (внатрешната контрола) веднаш да бидат превземени соодветни мерки согласно правилата и прописите на Министерството за ваквиот и сите понатамошни случаи против непрофесионализмот на работниците а особено поради партиско делување на раководители и работници во Министерството“, посочуваат од Синдикатот.

Тие ги охрабруваат вработените во МВР и секој граѓанин кога ќе се соочат со непрофесионален однос во Полицијата, веднаш да го пријават секое несоодветно и незаконито однесување особено во пресрет на изборите посебно во делот на спроведување притисоци и принуди за незаконски постапки а за цел попречување на личната слободна волја на определување согласно загарантираните Уставни и законски права.

„Напоменуваме дека изборите во пресрет на „Локалните избори 2021“ мораат да бидат фер и демократски и во таа насока обврска на секој полициски службеник е да ги преземе сите неопходни мерки со кои ќе се гарантираат фер и безбедни избори. Воедно повикуваме јавно за секој обид за поткуп или за било какво противзаконито влијание врз гласачите да биде пријавено и веднаш да бидат преземени мерки за негово санкционирање“, стои во соопштението на СПМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи