Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот од запад ќе се прошири нова облачност од која преку ноќта ќе започнат поинтензивни врнежи од дожд.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 4 °C до 13 °C.
УХМР со актуелно предупредување:
Во текот на ноќта од запад со зголемената облачност ќе се прошират врнежи кои до изутрина ќе го зафатат поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни. Пообилни врнежи ќе има и во четврток преку денот, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините особено во западните делови ќе врне снег, а понекаде и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.
112