Граѓаните да се свесни дека болеста Ковид-19 е сериозна и само во комуникација со матичен лекар треба да се одреди терапијата, која не може да биде иста за секој пациент, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Неговата изјава следува по пријавата од здравствен работник од градската болница „8-ми Септември“ откако пациентка стигнала во болница во критична состојба, со ниска сатурација и по неколку часа починала. Таа била лекувана дома од медицинско лице, чие име роднините не го соопштиле. А за терапијата со која е лечена не бил известен матичниот лекар. Случајот е пријавен и во полиција.
108