Освежување на македонската музичка сцена – Мирјана Митрева и нејзината „Вистина“

Facebook
Twitter
Email
Print


18 годишната Мирјана Митрева од Кавадарци е вистинско освежување на македонската музичка сцена. Учи во Средното музичко училиште во Битола, свири пијано и гитара, а има настапувано на голем број државни и меѓународни натпревари по пеење, од каде се враќа со огромни успеси и награди.

Својот музички и вокален талент го пресликува во нејзината прва песна „Вистина“. Музиката и аранжманот на песната се дело на Драган Илиев, стиховите ги напиша Борче  Димитров, а Микс и мастер направи Горан Гешовски.

Наскоро нејзиното првенче на музичката сцена ќе добие и свој видео запис, а нејзините планови се во блиска иднина да излезе со нови музички дела кои ќе бидат сигурни хитови, а Мирјана да си го најде своето место на македонското музичко небо.

Уживајте слушајќи го овој есенски хит и откријте ја „Вистината“ во нејзината песна.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи