Снег вее на повисоките места: Крушево, Ниже Поле, Маврово и Шар планина под снежна покривка

Facebook
Twitter
Email
Print

Снежниот бран со продор на ладна воздушна маса донсе снег на поголемиот дел од планините.

Камерите на скимакедонија.мк покажуваат дека снег паѓа на Попова Шапка, Маврово, Пелистер и Нижеполе, а снежна покривка е формирана и на Водно.

Падна првиот снег во Маврово, Ниже Поле, Крушево.

Прогнозата на УХМР за денеска е:

Облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи