Се наоѓаме во еден исклучително значаен момент за нашиот Прилеп, кога сите заедно треба да одлучиме во кој правец сакаме да се движи нашиот град во наредните 4 години. Поддршката дадена за бројот 7 значи поддршка за програмата која ја презентиравме пред вас во изминатите неколку денови. Поддршката дадена за број 7 значи поддршка за една нова енергија која му е потребна на Прилеп, изјави на денешната прес конференција д-р Борче Јовчески, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп.
Драги прилепчани,
Се наоѓаме во еден исклучително значаен момент за нашиот Прилеп, кога сите заедно треба да одлучиме во кој правец сакаме да се движи нашиот град во наредните 4 години. Поддршката дадена за бројот 7 значи поддршка за програмата која ја презентиравме пред вас во изминатите неколку денови. Поддршката дадена за број 7 значи поддршка за една нова енергија која му е потребна на Прилеп!
Јас Борче Јовчески, како ваш пријател, сограѓанин, заедно со сите овие луѓе кои се до мене, ве повикувам вашиот глас да го дадете за нас.
Пред вас стоиме со гордо крената глава заради нашата чесност и искреност со која влеговме во оваа кампања, за да ја побараме вашата доверба.
Ве повикувам да гласате за број 7, за луѓе кои се почитувани во околината каде работат и дејствуваат, кои се спремни максимално да се ангажираат и со сето свое знаење и искуство, да придонесат за подобар Прилеп.
За време на секојдневните средби што ги имавме со жителите во текот на предизборната кампања, добивме огромна и безрезервна поддршка за проектите кои заедно со вас ги создадовме како дел од нашата програма.
Нашата визија и нашиот концепт нудат развој, просперитет и реални решенија, наспроти безидејноста, хаосот и безредието со кое се соочивме во изминатите 4 години локална власт предводена од СДСМ, грешка која сум убеден дека нема да се повтори!
Драги сограѓани,
Ве повикувам во недела, да излезете масовно, да бидете дел од еден демократски процес. Не дозволувајте вашето апстинирање од гласање да биде искористено од СДСМ.
Ве повикувам да гласате за мене, Борче Јовчески, за градоначалник на Прилеп и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Не потклекнувајте пред притисоците, заканите, поткупот и уцените.
Зад параванот ја имате сета слобода на избор и никој не може да ви го одземе тоа!
Ви ветувам дека, во наредните четири години кои следуваат, ќе покажеме дека успесите се достижни и дека со труд и чесна и макотрпна работа, се постигнуваат добри резултати.
Прилеп ќе биде развиена општина, со достоинствен и квалитетен живот за сите без исклучок, ќе биде општина со која ќе се гордееме ние и идните генерации!Гласајте за број 7!
За подобар Прилеп!
Создаваме нова иднина! Промени! Проекти! Победи!Posted by Борче Јовчески on Friday, October 15, 2021
„Јас Борче Јовчески, како ваш пријател, сограѓанин, заедно со сите овие луѓе кои се до мене, ве повикувам вашиот глас да го дадете за нас.
Пред вас стоиме со гордо крената глава заради нашата чесност и искреност со која влеговме во оваа кампања, за да ја побараме вашата доверба.
Ве повикувам да гласате за број 7, за луѓе кои се почитувани во околината каде работат и дејствуваат, кои се спремни максимално да се ангажираат и со сето свое знаење и искуство, да придонесат за подобар Прилеп.
За време на секојдневните средби што ги имавме со жителите во текот напред изборната кампања, добивме огромна и безрезервна поддршка за проектите кои заедно со вас ги создадовме како дел од нашата програма.
Нашата визија и нашиот концепт нудат развој, просперитет и реални решенија, наспроти безидејноста, хаосот и безредието со кое се соочивме во изминатите 4 години локална власт предводена од СДСМ, грешка која сум убеден дека нема да се повтори!
Драги сограѓани, Ве повикувам во недела, да излезете масовно, да бидете дел од еден демократски процес. Не дозволувајте вашето апстинирање од гласање да биде искористено од СДСМ.
Ве повикувам да гласате за мене, Борче Јовчески, за градоначалник на Прилеп и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Не потклекнувајте пред притисоците, заканите, поткупот и уцените.
Зад параванот ја имате сета слобода на избор и никој не може да ви го одземе тоа!
Ви ветувам дека, во наредните четири години кои следуваат, ќе покажеме дека успесите се достижни и дека со труд и чесна и макотрпна работа, се постигнуваат добри резултати.
Прилеп ќе биде развиена општина, со достоинствен и квалитетен живот за сите без исклучок, ќе биде општина со која ќе се гордееме ние и идните генерации!
Гласајте за број 7!
За подобар Прилеп!
Создаваме нова иднина! Промени! Проекти! Победи!“, изјави Јовчески.