По повод 14 -годишнината од смртта на Тоше Проески, ултрамаратонците од МакедонијаТоше Анчев, Наум Капричевски, Никола Гелов, Фидан Арсовски и Александар Митревски, денес, четврток, 14 октомври, го започнаа од Нова Градишка 900 километри долгиот, традиционален маратон наречен „Спомен на Тоше Проески“ до македонскиот град Крушево, неговото последно почивалиште.
Нашата најголема поп-ѕвезда Тоше Проески го загуби својот живот во сообраќајната несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.
Маратонците ќе трчаат преку Скопје и се очекува утре напладне да стигнат во Крушево, односно до местото Гумење каде што се наоѓа спомен-куќата на Тоше. Крушевчани ќе ги дочекаат ултрамаратонците со црвени рози.
На 16 октомври во Спомен-куќата на Тоше на Гумење ќе се одржи изложба, а таму веќе е поставена кутија за донации на посетителите. Акцијата ќе трае до 25 јануари, кога е и роденденот на прерано починатиот музичар кој имаше исклучителен глас -Тоше Проески.