Сегашните услови за влез во Грција се продолжени за уште седум дена, односно до 22 октомври.
За влез во Грција потребен е сертификат за вакцинација, под услов да поминале 14 дена од ревакцинацијата, потврда за прележан коронавирус во период од најмалку 30 и најмногу 180 дена пред патувањето, негативен брз тест, негативен ПЦР тест, заедно со пополнет електронски формулар PLF.
Ова важи за сите посетители без оглед на државјанството и начинот на влегување во земјата.
Овие услови се однесуваат за сите возрасни и деца над 12 години.