Почитувани сограѓани, драги прилепчани, чест и задоволство е да ви се обратам денеска на денот кога Прилеп повторно ќе го облее светлина, на денот кога Прилеп повторно ќе живее во знакот на демократијата, истакна на денешната прес конференција носителот на листа за советници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Прилеп, Дејан Проданоски.
„Како што ветивме и во предизборната кампања, Советот на Општина Прилеп ќе биде храм на демократијата, ќе биде отворен за сите граѓани и согласно сите законски прописи и процедури ќе се формираат сите тела и ќе функционира Советот во наредните 4 години.
Ви благодарам за поддршката која што ни ја дадовте и верувајте дека во наредниве 4 години Прилеп ќе биде град за живеење за сите луѓе“, рече Проданоски.