Се урнал дел од таванот во еден од ходниците на старата општинска зграда. Дел од вработените кои сакаат да останат анонимни, а пред малку ни го испратија ова видео велат дека среќа што таванот паднал во текот на ноќта кога во објектот нема луѓе, инаку можело да дојде до страшна несреќа.
Раскажуваат дека секој ден стравуваат за својот живот затоа што зградата која е што е стара скоро еден век целата е во распаѓање, а државните институции со години не сакаат да преземат ништо и покрај бројните укажувања на вработените кои секојдненво се соочуваат со страшна нехигиена и нехумани услови за работа.
Инаку во старата општинска зграда работат 30-тина луѓе во неколку подрачни министерства, државни служби и органи. А таму свои простории имаат и некои невладини организации.
Бараат итно решавање на нивниот проблем. Или престување во друг објект или реновирање на постоечкиот.