На 17.10.2021 во 22.06 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„11 Октомври“ патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(29) од Прилеп удрило во пешаците О.С.(37), Б.М.(18) и уште двајца малолетници, сите од Прилеп.
Во несреќата О.С. се здобил со тешки телесни повреди, а останатите пешаци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.