По вчерашните локални избори 33 македонски општини добија градоначалник во првиот круг. Останува непознато дали ќе има втор круг во Ѓорче Петров и Аеродром.
ВМРО-ДПМНЕ доби 20 градоначалници во првиот круг во: Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Градско, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Могила, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште и Штип.
СДСМ доби 9 градоначалници во: Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дојран, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево и Струмица.
ДУИ доби градоначалници во: Липково, Пласница и Сарај, а ДПТМ доби градоначалник во Центар Жупа.
Другите општини ќе имаат ново гласање со двајцата водечки кандидати. Вториот круг од изборите ќе се одржи на 31 октомври (недела).