Државната изборна комисија (ДИК) досега добила вкупно 15 приговори во однос на првиот круг од локалните избори. Два приговора од опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ се поднесени за прекршување на изборниот молк, додека останатите 13 приговори се однесуваат на постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите до Државната изборна комисија.
СДСМ има поднесено 4 преговори, ВМРО-ДПМНЕ 3 приговори, од Алијанса за Албанците и Алтернатива се поднесени 6 приговори.
Државната изборна комисија дополнително ќе закаже седница за разгледување и одлучување по приговорите, по што ќе се знае какви ќе бидат последиците по изборните резултати во овие општини.
До Комисијата 4 приговори поднела Коалицијата предводена од СДСМ. Едниот се однесува на избирачко место бр. 2121 во општина Јегуновце, а вториот на избирачко место бр. 2118 во општина Јегуновце. Останатите приговoри се за избирачкото место бр. 2587/1 во општина Ѓорче Петров и за избирачко место бр. 618 во општина Македонска Каменица.
Од Алијанса за Албанците и Алтернатива има шест приговари, за избирачкото место 0543 во општина Дебар и за избирачко место 2957/1 во општина Шуто Оризари. Два приговори се за општина Гостивар, за избирачките места 2975 и 406/1. Еден приговор се однесува на сумирање на резултатите за градоначалник на општина Гостивар и еден кој се однесува на сумирање на резултатите за членови на Совет на општина Гостивар.
Од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесени се три приговори, за избирачкото место бр. 2844 во општина Центар, за избирачко место бр. 1470 во општина Долнени и за избирачко место бр. 2447 во општина Сарај.