Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2021 година, во однос на август 2020 година, изнесува 104.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите:
Стручни, научни и технички дејности (14.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.7 %) и Други услужни дејности (12.9 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите:
Земјоделство, шумарство и рибарство (4.4 %), Уметност, забава и рекреација (3.9 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2 %).